Втора конференција на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа
Од 08.-10 септември во Подгорица, Црна Гора, се одржува втора конференција на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа. На конферецијата учествуваат Студентскит дом " Никола Карев" и Ученичкиот дом "Ванчо Питошески" од Охрид.
Конференцијата ја отвори министерот за образование на Црна Гора м-Миомир Војиновиќ, а на настанот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора Зекир Рамчиловиќ. На конференцијата учествуваат претставници од над 70 ученички и студентски домови од Југоисточна Европа.
На конференцијата свое предавање имаше и директорот на Стидентскиот дом "Никола Карев" м-р Жарко Куциноски на тема: "СОЦИО - ЕМОЦИОНАЛНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ НА БРАБОТЕНИТЕ ВО РАБОТАТА СО МЛАДИТЕ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ".
Публицитет.мк