Езерското дерби за охриѓани РК Струга - ГРК Охрид 17-25 (7-11)
10 Септември 2023
Во Езерското дерби, а во рамките од првото коло во македонската Супер лига охриѓани победнички ,,продифелираа" низ Струга. Домаќините во ниту еден момент не го загрозија водството на охриѓани.
Охриѓани од самиот почеток поведоа со 1-0 и се до крајот ја одржуваа предноста со што на крај заслужено ги прославија првите освоени бодови во годинешното првенство.
Овие бодови се уште позначајни бидејки се остварени во Вечното Езерско Дерби и тоа на теренот во Струга.
Стефан Дрогришки со победа го прослави 29-от роденден, додека на паркетот во салата "Нико Нестор" во Струга ракометен танц имаа крилата Ојлевски и Цирар со по 7 погодоци колку што постигна и Шешиќ.
Овие тројца од вкупно постигнатите 25 голови дадоа 22.
ГРК Охрид:
Гоце Ојлески 7, Крсте Андоноски, Никола Стоилевски, Стефан Дрогришки, Никола Шипинкоски 2, Иван Тасески, Рудолф Шафранко, Милорад Кукоски, Горан Крстевски, Деан Шешиќ 7, Ерај Каракоч, Орјоникидре Теимураз, Владимир Бојаниќ 2, Гал Цицар 7, Даниел Ѓорѓески.
И Арсеноски - Охрид Спорт
Публицитет.мк