ГФК ОСОГОВО - ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 0-3
16 Септември 2023
Охриѓани под водство на новиот тренер Александар Толески со вредна и заслужена победа се враќаат од Кочани.
Охриѓани практично во текот на целиот натпревар ја наметнаа своја игра и во ниту еден момент не му дозволија на домаќинот ни да се понадева на нешто повеќе од заслужен пораз.
Охрид натпреварот практично го реши уште во првото полувреме со головите на Хусеин Демири и Оливер Дишлиески кога резултатот беше 0-2
Во второто полувреме видовме само уште еден гол а стрелец беше Емил Скоко, и уште некоја шанса за зголемување на и така убедливото водство.
Како и да е конечно видовме зрела и пред се ефикасна игра, што дава надеж дека и на следните натпревари охриѓани ќе се претстават во исто светло.
На следниот линк погледнете ги головите
И Арсеноски - Охрид Спорт
Публицитет.мк