ДЕРБИТО ЗА АЛКАЛОИД ГРК ОХРИД - РК АЛКАЛОИД 22-28 (10-16)
Дерби натпреварот кој долго беше најавуван дојде и помина.а помина неславно за охриѓани. Младите ракометари на Алкалоид на чело со селекторот на репрезентацијата на Македонија Кире Лазаров на овој натпревар одржаа час по модерен ракомет.
Уште од првите минути на натпреварот скопјани поведоа со 5-0, а охриѓани во овој натпревар стигнаа само еднаш до израмнување и тоа на 7-7.
После тоа па се до самиот крај резултатот беше во корист на екипата на Алкалоид која на крајот од првото полувреме направија шест голови разлика 10-16 со кој резултат се отиде на одмор за да пред крајот на натпреварот стигнат и на плус десет 17-27.
После ова водство гостите како да подзастанаа и се опуштија па охриѓани тоа го искористија и до крајот со серија на голови стигнаа на подносливи шест голови разлика, така да конечниот резултат на крајот изнесуваше 22-28
Сега само за играта и она што го видовме на теренот, младата екипа на Алкалоид каде во нивните редови видовме доста квалитетни и пред се млади ракометари и можеме слободно да кажеме дека иднината на ракометот во Македонија лежи баш во нив, со брза и пред се ефикасна игра ја полнеа мрежата на домашните.
Од друга страна, од страната на охриѓани видовме тешка и тромава игра со безброј грешки и пропуштени шанси за гол кој противникот знаеше тие грешки итекако да ги казни,па поразот беше. неминовен.
ГРК Охрид:
Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески 1, Стоилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Д. Андоновски, Ристевски, Тасески 2, Сафранко, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 5, Орјоникидѕе 3, Бојаниќ 4, Цирар 6.
Исклучувања: 2 мин.
7м: 5:2
РК Алкалоид:
Џонов, Маркоски, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, Стојковиќ, Митев 9, Ѓорѓиев 2, Галевски, Велковски 2, Омерагиќ, Трајковски, Арнаут 2, Кофиловски, Петковски 2, Савревски 3.
7м: 4/2
Исклучувања: 4 мин.
И Арсеноски - Охрид Спорт
Публицитет.мк