al palpojo 2020

Нов сообраќаен режим на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид

18 Септември 2023

СВР Охрид ја известува јавноста дека од утре, 19.09.2023 година (вторник), на сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид.

Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е такси постојката на булеварот „Македонски просветители“, во близина на поштата, да се дислоцира на улицата „Партизанска“, а локацијата да биде пренаменета во паркинг простор. Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кај поштата кон булеварот „Туристичка“ со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно.
Апелираме до возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои, утре, на посочените локации и практично ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.

Публицитет.мк 

Прочитано 122 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter