al palpojo 2020

Фестивал на музичките уметници на Македонија - ЗЛАТНА ЛИРА 2023

13 Октомври 2023

Годинашното, седумнаесетто по ред издание на фестивалот на камерна музика „Златна лира“ ќе се одржи од 16 до 31 октомври во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ. „Златна лира“ е манифестација со богата традиција, посветена на промоција на светското и на домашното исполнителство, но и творештво.

Во рамките на годинашната програма фестивалот во својот традиционален есенски термин од 16 до 31 октомври ќе понуди девет камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани домашни уметници кои својот уметнички пат го градат во земјата и надвор од нејзините граници. Просторот на Музејот на македонската борба во Скопје  и овој пат ќе го оплеменат звуците на тенорот Михајло Арсенски во придружба на пијанистот Дино Имери кои ќе го отворат фестивалот на 16 октомври, пијанистките Хајди Елзесер и Јасмина Трајческа, камерните дуа Љупчо Коскаров (труба) и Дарко Мариновски (пијано), Ристо Ѓоревски (кларинет) и Елена Атанасовска – Ивановска (пијано), Александра Коцевска (мецосопран) во пијано придружба на Глигор Гелебешев, Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангеловска Христов (пијано), Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски на пијано.

Во рамките на својата редовна концертна програма, фестивалот „Златна лира“ традиционално ќе го отстапи својот подиум и на младите уметници со цел нивна промоција и афирмација на почетокот на концертната кариера. Ваквата можност да го претстават својот талент на професионалниот концертен подиум е особено значајна за младите музичари и нивниот понатамошен развој и напредок на уметничкиот пат. Фестивалскиот подиум на млади на „Златна лира“ овозможува да се создаде компактна, генерална слика за тоа, каква е патека на движење и развој на македонското исполнителство.  
 
Во таа смисла, последниве години, СМУМ соработува со меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, кој од 2002 година се одржува на годишно ниво во Охрид и опфаќа учесници во повеќе категории и дисциплини од целиот свет. Плод на таа соработка е наградата за најдобар учесник на натпреварот од Македонија која ја доделува токму здружението СМУМ, а се состои од организација на концерт во рамките на фестивалот „Златна лира“. На фестивалскиот подиум ова издание ќе ги видиме младите уметници Мерт Рустемов (кларинет), Мевљут Асаноски (кларинет), Ѓорѓи Димовски и Арсени Ангелески (пијано).
 
Свеченото затворање на фестивалот ќе се случи на 31 октомври во Музејот на револуционерната борба со настапот на фаготистот Даниел Апостолов и пијанистот Дарко Мариновски. Вовед во свеченоста на последната фестивалска вечер ќе биде доделувањето на традиционалната награда „Златна лира“, која Сојузот на музичките уметници ја доделува за животно дело и за успешна професионална работа во текот на една година. Ова година наградата „Златна лира“ за успешна работа во текот на изминатата година ќе му биде доделена на Триото Аура во состав Ана Гацева – пијано, Страшо Темков – флејта и Марјан Милошевски - фагот, додека наградата за животно дело ќе ѝ биде врачена на пијанистката, професорка по пијано и публицистка Снежана Анастасова Чадиковска.

Фестивалот „Златна лира“ се реализира во соработка и со поддршка на Министерството за култура, Факултетот за музичка уметност во Скопје, Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и фестивалот „Охридски бисери“.

Влезот на сите концерти е слободен.

Публицитет.мк 

Прочитано 1949 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter