Само бод за охриѓани, ФК САСА - ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 1-1
04 Ноември 2023
Охриѓани пропуштија шанса од гостувањето кај Саса да се вратат со три бода.
Во текот на целиот натпревар охридската екипа го диктираше темпото и создаваше шанси за гол но искористи само една и тоа онаа на Емил Скоко кој со прекрасен гол изедначи на 1-1.
Особено во второто полувреме бележиме неколку шанси за втор гол ,но мораме да кажеме дека и очајно лошиот терен не им одеше во прилог на охриѓани да реализираат барем уште една шанса од многуте создадени и од Македонска Каменица да се вратат со полн погодок.
Како и да е освоен е бод кој сепак многу ќе значи во понатамошната борба за што повисок пласман на табелата.
Екипата на ГФК Охрид Лихнидос со освоениот бод е на четвртата позиција со само бод разлика од Пелистер кој е трет и три бода разлика од второпласиранста екипа на Детонит.
Следните две кола ќе бидат од посебна важност за охридската екипа, бидејќи во следното коло охриѓани на домашен терен го пречекуваат моменталниот лидер на второлигашката табела екипата на Беса, за да на следниот натпревар охриѓани му одат во гости на второпласираната екипа Детонит.
И Арсеноски