al palpojo 2020

Ракомет: ГРК Охрид - МРК Куманово 33-25

11 Ноември 2023

ГРК Охрид без поголеми напори ја совлада екипата на МРК Куманово со 33-25 полуврема19-8.

Во текот на целиот натпревар охриѓани би рекле играа со половина сили, ја имаа целосно иницијативата, како и контролата врз играта, така штпо во ниту еден момент на гостите од Куманово не им дозволија ни да помислат да направат нешто повеќе отколку да се помират со поразот.
Се добиваше впечаток дека домашната екипа ако само малку повеќе притиснеше, сигурно поразот на гостите ќе беше изразен и со двоцифрена разлика.
Кај охридската екипа најдобри стрелци беа Никола Шипинкоски и Владимир Бојаниќ кој постигнаа по пет гола, додека во екипата на Куманово, седум гола имаше Уча Гамзардија, а по пет пати погодија Дарио Симоноски и Јован Даневски.


И Арсеноски, Охрид Спорт 

Публицитет.мк 

Прочитано 79 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter