ДСД "Никола Карев“ од " Охрид и Домот за ученици и студенти од Беране, Црна Гора се збратимија
15 Ноември 2023
Денес е потпишана повелба за збратимување на Д.С.Д. "Никола Карев“ од " Охрид и Домот за ученици и студенти од Беране, Црна Гора.
Освен со студентски и ученички домови од Србија, прв пат повелба за збратимување се потпишува со студентски дом од Црна Гора.
Директорот на ДСД "Никола Карев", м-р Жарко Куциноски беше примен и од претседателот на општина Беране Вуко Тодоровиќ, со кого беше разговарано за соработка помеѓу двата дома. Претседателот на општината беше поканет да го посети Охрид , пришто тој изрази благодарност и подготвеност за посета на Охрид.
Публицитет.мк