al palpojo 2020

Започната е подготовката на новите антикризни мерки, ќе се зголемат платите и пензиите

18 Ноември 2023
Се подготвуваат нови антикризни мерки со таргетиран пристап, ќе се зголемат платите и пензиите според предвиденото во колективните договори, ќе продолжат поддршката за компаниите, грижата за стандардот на граѓаните и капиталните инвестиции, најави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во интервјуто за Канал 5 ТВ.  

 
„Во антикризните мерки коишто во моментов се подготвуваат што наскоро ќе бидат презентирани, ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани, меѓутоа ќе бидат опфатени и пензионери кои примат пензија до ниво на минимална плата. Минималната плата постојано расте, наредната година ќе имаме минимална плата којашто ќе биде во висина од 22.500 денари, што историски е највисоко ниво“, соопшти премиерот Ковачевски.

„До крајот на ова година во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година се предвидени дополнително 55 милиони евра за антикризни мерки, тука пред се мислам на продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија“, објасни премиерот.
„Буџетот ги исполнува целите за коишто е направен, а тоа е обезбедување на економска, фискална и макроекономска и монетарна стабилност на државата“, нагласи премиерот Ковачевски.

„Ја исполнува целта за зголемени плати за работниците во администрацијата, во образование, во здравството и во целиот јавен сектор, за поддршка на компаниите во инвестициите и секако зголемено ниво на инвестиции во инфраструктурата“, оцени премиерот Ковачевски во телевизиското интервју.
 
Публицитет.мк 
Прочитано 83 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter