РК Еурофарм Пелистер - ГФК Охрид 19-29 (7-15)
Охриѓани на гостувањето во Битола, остварија значајна и убедлива победа против екипата на Еурофарм Пелистер.
Само на почетокот од натпреварот би рекле дека битолчани беа рамноправен противник, но како што времето одминуваше доминацијата на охриѓани растеше,па до самиот крај охридската екипа имаше постојано водство, битолчани се обидуваа да направат нешто повеќе, меѓутоа испадна дека охриѓани се претежок противник за нив, и на крајот мораа да се помират со поразот кој на крај изнесуваше високи десет голови разлика.
Најефикасен во редовите на екипата на ГРК Охрид беше Орјоникидзе Теимураз кој постигна 8 гола натаму следуваат: Гоце Ојлески 6, Гал Цирар 6, Деан Шешиќ 4, Владимир Бојаниќ 2, Стефан Дрогришки 1, Иван Тасески 1, Рудолф Шафранко 1.
И Арсеноски, Ohrid Sport