al palpojo 2020

Термалните дронови решение за рибокрадството

19 Ноември 2023

Од година во година се влошува состојбата со рибниот фонд на охридската пастрмка и белвицата. Рибокрадците масовно и неселективно ги изловуваат овие два ендемични видови риба, а езерската полиција и покрај сите напори не може да и стави крај на оваа појава. Поради тоа еколозите решението го гледаат во термалните камери, односно термалните дронови кои се далеку поефикасни од луѓето...

Популацијата на охридската пастрмка и на белвицата се критично загрозени, велат еколозите. Според нив езерската полиција прави напори за да го спречи изловувањето на овие два ендемични видови риби, но барем засега рибокрадците се поуспешни.

„Има се поголем број на рибокрадци коишто безмилосно ја ловат рибата со најразлични средства, а пред сè со неселективни мрежи и на тој начин изловуваат и мали единки коишто сè уште не се полово зрели, меѓутоа и единки од охридската пастрмка и белвица коишто се веќе оплодени, односно се полни со икра“, изјави Ѓоко Зороски, инженер по животна средина.

Проблем е што Охридското Езеро нема концесионер, но и кој ќе го контролира неговото работење. Поради тоа експертите решението го гледаат во набавката на современи средства како што се термалните дронови кои веќе се користат во светот, а во регионот ги има на Скадарското Езеро.

„Со употреба на термални дронови коишто се супериорни во однос на она што човекот може да го направи, бидејќи тие имаат голем опсег на видливост и можат да се користат во текот на ноќните часови и во текот на раното утро кога најмногу се случува всушност криволовот“, изјави Ѓоко Зороски, инженер по животна средина.

Според Зороски за набавка на таква современа опрема не требаат многу финансиски средства, а ефектот ќе биде далеку поголем.

Меѓутоа проблемот не треба да се решава само од македонската страна на езерото, туку и од албанската, затоа што во тој дел на езерото масовно се изловува пастрмката.

Извор: www.mrt.com.mk

Автор: Сашо Нелоски - MРТВ

Публицитет.мк 

Прочитано 670 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter