al palpojo 2020

Кој е надлежен за извлекување заглавени возила во снег?

27 Јануари 2024

Државни институции се прогласуваат за ненадлежни кога возила ќе заглават во снежните намети на планината Галичица на патниот правец Охрид- Ресен, кој преку зимата е затворен за сообраќај. Иако тоа не им е должност волонтерите на планинската служба при Црвениот крст од Охрид се справуваат со ваквите состојби трошејќи ги средствата и ресурсите наменети при несреќи или други активности со кои им помагаат на граѓаните…

Наместо да спасуваат човечки животи при несреќи, волонтерите на Планинската спасителна служба при охридскиот Црвен Крст се ангажираат да извлекуваат заглавени возила во снег на планината Галичица, бидејќи сите државни институции се прогласуваат за ненадлежни. Од таму велат дека тоа не е нивна должност, но дека етиката не им дозволува да ги остават заглавени во снег несовесните граѓани кои не ја почитуваат сообраќајната сигнализација на 1 650 метри надморска височина.

„Трошиме скапи ресурси, пред сè волонтерскиот труд на нашите волонтери, а секако и возилата и опремата со кои располагаме. Купени се од донаторски средства и едноставно ризикуваме да останеме без тие средства коишто пред сè се наменети за спасување на човечки животи во вистински несреќи“, вели Антонио Додевски- Планинска спасителна служба, Црвен крст Охрид.

Оваа служба опслужува регион со 5 општини од кои само охридската издвојува дел од потребните средства.

Од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид бараат да се следат светските искуства каде што каде што сличните волонтерски организации се финансираат од локалните власти и државата.

„Ние инсистираме и бараме решение и за ова и тука имаме покренато иницијатива за регулирање на оваа дејност пред сè со законско решение. Понатаму и со обврска на државните и локалните власти за финансирање, меѓутоа сè уште немаме такво конкретно решение“, додава Додевски.

Опстојуваме благодарение на ентузијазмот на волонтерите, вели Додевски. Тој посочува дека оваа служба е неопходна што го потврдуваат големиот број успешни акции за спасување на животи.

Извор: МРТ - Новинар: Сашо Нелоски

Публицитет.мк 

Прочитано 172 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter