Убавина и здравје
Минатиов месец истражувачите се сретнаа со Администрацијата за храна и лекови (ФДА) за една многу специфична причина - тие сакаат да тестираат лек кој може да го забави процесот на стареење.
Мажите имаат далеку помали шанси за остеопороза од жените, иако може да имаат полоши последици од оваа болест. Процените се дека околу два милиони американски мажи имаат остеопороза, а 8 до 13 милиони луѓе имаат ниска густина на коските, што е предуслов за остеопороза.
Повеќето жени во истражувањето рекле дека би прифатиле скрининг за остеопороза, а само 25 % од мажите се сложиле на тоа. Жените повеќе од четири пати од мажите преземаат мерки за спречување на остеопороза, земање на калциум и витамин Д, како и слични додатоци.
„Бевме изненадени колку е голема разликата помеѓу мажите и жените кога станува збор за остеопороза“, изјавила авторката на студијата д-р Ирина Дашкова, геријатриски соработник од здравствениот систем „Норт Шор-ЛИЈ“ во Њу Хајд Парк, држава Њу Јорк.
„Позитивен е фактот дека долговечноста расте кај американската популација, но ние знаеме, на основа на истражувања дека мажите имаат скршеници поради остеопороза, нивниот морталитет е поголем отколку кај жените и со потешки медицински последици поради слабата густина на коските. Во нашето опкружување се смета дека остеопорозата е женски проблем, а не машки и тоа мора да се промени, што порано, тоа подобро“, рекла д-р Ирина Дашкова во соопштението.
Резултатите се неодамна објавени на годишниот состанок на Американското геријатриско друштво во Вашингтон.
Центарот за обука „Ева “ од Скопје денеска , понеделник , 20 јули започнува со Летната школа – Охрид 2015 г. со програми за секоја возраст.
Ако секој ден поминувате по осум часа во седење, тоа може многу лошо да влијае на вашето здравје.
Често занемаруваме многу тегоби верувајќи дека ќе исчезнат со текот на времето или дека ќе ги отстраниме со некој трик од „домашната ординација“. Сепак некои проблеми нема да се решат додека не побарате стручна помош.
Температурите се движат кон 40-тиот степен, па не треба да не чуди што многумина не се чувствуваат добро. И додека надлежните им порачуваат на граѓаните да останат во постудена просторија и да пијат многу течности, ние ви посочуваме на кои симптоми треба да обрнете внимание доколку се посомневате дека сте добиле топлотен удар.
Познато е дека жените живеат подолго од мажите, но тоа не било отсекогаш така. Според резултатите од нова студија, разликите меѓу животниот век на мажите и жените почнале да се појавуваат на почетокот од 19 век, пишуваHuffington Post
„Ако постои магија на оваа планета, таа е содржана во водата“ -Лорин Иселеј