al palpojo 2020

АЛПОЈО Охрид: Ким – зачин и лек

10 Октомври 2021

Кимот има безброј лековити својства, одличен е против надуеноста на стомакот, помага при варењето, има седативно дејство, ги намалува грчевите во стомакот, богат е со витамин од Б групата, содржи калциум, железо, натриум, фосфор, магнезиум, калиум и селен.Побарајте го во продажната мрежа со знакот АЛПОЈО - Охрид. 

 Циминум, древниот назив за ким, се претпоставува дека потекнува од Вавилон. Се смета за едно од најстарите зачински билки, неговите остатоци се пронајдени во фараонските гробници. Се верувало дека има својство на афродизијак, па древниот арапски афродизијак бил подготвуван од мед, црна пипер и ким, а за природниот лек против заборавање се сметала комбинацијата од мед и ким.

 

cumin seeds whole organic 1 620x330

Старите Грци, толку многу го користеле, така да постојано го имале на масата, исто како и ние што денес на масата ја ставаме солта и црната пипер. Во текот на средниот век се верувало дека кимот лекувал од стравот од животните. Во некои земји се сметало дека им носи среќа на новите брачни парови, па го користеле да со него ги наросат младенците, онака како што се користи и оризот. Ние во главно го користиме за печива, поретко како зачин за салати, а уште поретко пиеме чај од семките на кимот. Во некои земји го земаат после јадење како би го спречиле лошиот здив. Се верува дека и помага на функцијата на жолчката.

 

1587898449384 a53664 300x300 copy

Семките на кимот имаат долга историја на употреба во кујната и како природен лек најмногу кај пореметувањето при варењето на храната, делува смирувачки на дигестивниот тракт, подобрува апетит и има лаксативно делување. Некогаш се користел како би се подобрила лакцатијата кај доилките, им се препорачувало да џвакаат семе на ким или да пијат чај од ова ароматична семка. Се користи и за лекување на бронхитисот и честа е состојка на шурупите против кашлица.

Публицитет.мк 

Прочитано 649 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter