al palpojo 2020

АЛПОЈО Охрид: Зачин за таратур

04 Јуни 2023

Таратурот омилен прилог на секоја маса  било да е лето или зима. АЛПОЈО Охрид ви нуди зачини за вкусен таратура без многу да губите време. Појдете и купете. 

 

Претставува мешавина на зачини која ќе ја направи вашата таратур салата највкусна. Комбинацијата на зачини, како лук, магдонос и црн пипер, се покажала како најуспешна за надополнување на вкусот на таратурот.

Подгответе ја салатата според Вашиот омилен рецепт, додадете го зачинот според упатството кое се наоѓа на пакувањето и уживајте во неверојатно освежувачкиот вкус.

 Не се препорачува за лица алергични на овој вид на произод. Производот е усогласен со пропишаните услови.

IMG 9902

РЕЦЕПТ ЗА ВКУСЕН ТАРАТУР

Состојки (за четворица)
една глава лук
половина килограм кисело млеко
две свежи краставици
100ml сончогледово или маслиново масло
една мала лажица сол
Потребен специјален прибор
дрвен сад за толчење
дрвен толчник
Подготвување
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

 

Публицитет.мк 

Прочитано 234 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter