al palpojo 2020

АЛПОЈО Охрид: Во време на настинки и грип куркумата е вистински лек ...

28 Јануари 2024

Наш предлог за оваа недела - куркумата на пиедесталот. 

Нејзиното редовно консумирање ни носи мноштво бенефити, пред сè поради моќните антибактериски, антивирусни, антифунгални и антивоспалителни својства. Токму поради тоа, куркумата е ефикасна за лечење на настинките, превенција од инфекции, ублажување на болките, но и подобрување на состојбата на кожата.

Таа може да се користи на повеќе начини и во повеќе комбинации, особено за ублажување на болката во грлото.

Раствор за испирање на грлото

Состојки:

½ лажичка органски прав од куркума

1 лажичка сол

1 шолја топла вода 

Во топлата вода додајте ја солта и куркумата. Добро промешајте и со овој раствор испирајте го грлото наутро. 

0Cjtlpr8GPkurkuma

Куркурмата изобилува со витамини Б6, Б3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а исто така е добар извор на прехрамбени влакна. Се користи како додаток во супи, чорби, салати, ориз. На јадењата им дава убава жолта боја и природна арома.
Не се препорачува за лица алергични на овој вид на произод.
Производот е усогласен со пропишаните услови.

Антибиотиците се многу корисни и постојано спасуваат многу животи. Но, многу луѓе ги користат премногу често.

Некогаш, постојат природни лекови кои можат да ни помогнат да надминеме некаков проблем и да си помогнеме себеси. Постојат многу природни антибиотици, но комбинацијата од мед и куркума е најдобра.

Медот е корисен поради тоа што има моќ да ни помогне да се справиме со инфекциите и бактериите, додека пак куркумата е чувар на нашиот имунитет. Комбинацијата од овие 2 состојки има антивоспалителни, антисептични, антибактериски и антиоксидантски својства.

Тие помагаат за надминување на настинките, астмата, хипертензијата, високиот крвен притисок, артритисот, дијабетесот, срцевите заболувања, па дури и депресија и анксиозност. Исто така, оваа комбинација помага за справување со многу инфекции и бактерии во нашето тело.

Тие исто така ја подобруваат и еластичноста и хидратацијата на кожата и придонесуваат за посјајна кожа.

https://www.facebook.com/alpojoohrid

 

Публицитет.мк 

Прочитано 95 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter