Омнубус
За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. А заради култот кон него што е дел од нашата традиција, македонските писатели имаат потреба историските факти да ги преточат во естетски креации, за притоа да откријат и покажат и други димензии на личноста на Делчев. Преку нивните книжевни дела, со својата идеја и со комплексноста на својата личност, Делчев и натаму е синоним за водач на Македонците, и 120 години по неговото загинување.
Еден ден пред официјалниот старт на јубилејното, 30-то издание на „Охрид фест“: сцената на Долни Сарај е во полн блесок, водителите Ирена Спировска (Фолк вечер), Маријана Станојковска, Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ)- ги повторуваат ударните реплики, организаторите ветуваат две фантастични вечери полни со добра музика, а фактот дека влезот слободен, најавува добредојде за сите!
Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), денес во Охрид се одржа разговор со писателот, академик Влада Урошевиќ по повод наградата „Роман на годината“ за 2022. која за неговиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ му ја додели Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Романот е во издание на „Арс Ламина“, а разговорот со Влада Урошевиќ за слушателите од напреднатите рамништа на Летната школата го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата.
Утре - вторник во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.
Васил, за многумина беше вистинско изненадување веста за твоето учество на „Охрид фест“. После толку многу сцени, вклучувајќи ја и евровизиската, 2021 година во Холандија, годинава, на 2 септември ќе те видиме на Интернационалната вечер на „Охрид фест“. Има нешто посебно во фестивалите, нели?
Утре - понеделник од 19.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се случи промоција на книгата „Авантурите на Космонаутко“. Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко. Со авторот Јанкуловски за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.
Денеска не напушти уште еден градски – урбан лик – познатата Леонора Лекреџи, спикер во некогашното Радио Охрид.
На свечен начин синоќа во Трпејца беше отворено 12 издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули по 12 пат оваа туристичка населба и гостите ќе „дишат“ во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.