Петок , нешто пред 14 часот по кејот крај езеро како што најчесто ние велиме во Охрид ги сретнавме двете колешки и пријателки Виолета Илиевска и Валентина Кузманоска, одделенски наставнички во ОУ „Св Климент Охридски“.
На нашата забелешка како да не им е доста заедничкото дружење во училиштето , па мора и дополнително, обете со широки насмевки ни рекоа: – Е, таму и немаме многу време за дружба посветени сме си на учениците,а вака убаво време и крај на работната недела гревота е да се испушти.
Публицитет.мк се сложува со нивната констатација дека секогаш останува нешто недокажано, и само додаваме – обете се пример за посветеност во работата. Над деценија се заедно во „Св Климент“ а секако се знаат и од пред тоа. Тие се од оние учителки кои освен што ги образуваат децата според дадената програма – докажано со генерации наназад и ги воспитуваат и им ги шират видиците .
Публицитет.мк