Во потрага по трајната убавина
Неодамна во издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид излезе од печат првиот лексикон во македонската двојазична лексикографија (и несамо во неа), во којашто се обработени научни и стручни термини од областа на хидробиологијата на копнените води – лимнологијата, на Славе Николовски-Катин, новинар, преведувач од Скопје.
Годинава во Македонија, но и надвор од неа со многу настани од областа на културата и пишаната реч се одбележуваат 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.
Изминатиов викенд во Охрид познатиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин во чест на 113 годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза на 11 луѓе – секој познат во својата професија и дејност им подари копија од писмото кое Мајка Тереза во далечната 1984 година му го пуштила нему во знак на почит и возврат на неговата хуманост и посветеност кон уметноста и Цвеќето на мирот.
Деновиве , по речиси три децении , се појави ново необично издание на книгата „Жура за Жура“ Се работи за аудио и видео издание на оваа можне барана книга која се уште привлекува постојан интерес меѓу љубителите на книгата.
Меѓународната конференција: „Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, со учество на светската интелектуално – хуманистичка елита, финишираше денеска со едногласната оценка, дека, градот Охрид и формално прераснува во Центар на светскиот хуманизам.
Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство.
Во берлинската „аквариумска“ дневна соба сега веќе си живеев опуштено, како со спуштени пердиња и ролетни (што секако ги немаше): сè си беше на ачик, во стакло, на првиот кат, пред очите на минувачите. Често игравме „Океј“. Игравме долго, на големата стаклена маса со дрвените табли, расфрланите шарени камчиња и чајникот со двата керамички сада, со звукот на металните лажичиња кои ѕвечкаат во малите стаклени чаши.
Корените на родот на Горан Стефановски се од селото Ербеле, во денешна Албанија
Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, на 19-ти март 2023 година, се одржаа промоции на делата: „An American Son of Macedonia - Aмерикански син на Македонија“, Лу Влашо, од Нејплс, Флорида, САД, „Творештвото на Славе Катин“ на Душан Ристевски-Македон од Сиднеј, Австралија и „Силјан Мицевски“ на Славе Катин од Македонија
Лесно е да се загубиш во лавиринтот на тесни улички во стартиот град во Охрид. Доколку одите од црквата Света Богородица Челница кон црквата Света Богородица – Каменско, од десната страна се искачува едно малечко и тесно уличе крстено „Бранко Шотра“.