Во потрага по трајната убавина

05 Август 2022

Излезе од печат монографијата „Силјан Мицевски“ која се однесува на животот и делото на бизнисменот и поранешен градоначалник на Битола господинот Силјан Мицевски-Циле. Тоа е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски, а е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, на 330 страници, на македонски јазик, проследена со голем број фотографии, а е отпечатена во печатницата „Напредок“, во Тетово.

25 Јули 2022

ВО СВЕТОТ НА ПРИСУТНОСТА И ОТСУТНОСТА Кон ликовната изложба на Наташа Попоска - Карче, Охридско лето 2022 Во рамките на фестивалот Охридско лето, во предворјето на црквата Св. Софија, се одржа самостојната изложба на Наташа Попоска - Карче со заеднички наслов Сликам со тебе и поднаслов Приказна од душата.

09 Јули 2022

Фестивалот „Македонското културно лето“ во Пустец, чиј организатори се Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир, се одржа по 15 пат и траеше од 01 до 05 јули. Фестивалот започна со концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, а заврши со претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.

03 Јули 2022
 Еден ден пред Божиќ кога свети Наум ја беше завршил Светата литургија во манастирот и ги беше пречестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет.
25 Јуни 2022

Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше промовиран романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал Ашури, во издание на ПНВ Публикации. Промотори беа: Рубин Земон, Милчо Јованоски, Никола Митровиќ - бабе и Стефан Димоски. 

15 Јуни 2022

Овој викенд во Охрид беше промовиран романот „Заследи ме“ на Јордан Коцевски, во издание на „ПНВ Публикации“. Промотор беше Мерсиха Исмајлоска, додека модератор на настанот беше Јулијана Величковска.

22 Мај 2022

Валерио Орлиќ, истакнат хрватски поет, основач, сега почесен претседател на Хрватското книжевно здружение, утре, 23 мај, со почеток во 12 часот, со промоција на неговата најнова збирка поезија “Љубов распослана по морето”, ја започнува големата турнеја по Македонија, Албанија и Хрватска.

14 Мај 2022

Ден: Ѓурѓовден, 6 мај 2022 годона.Настан: Ѓурѓовденска средба по повод одбележувањето на овој христијански празник, посветен на светецот Св. Ѓорѓи, за кој се поврзани многу народни обичаи. Место: Суводол, кај „фармата“ на пастирот Љупчо Котевски, еден од ретките одгледувачи на овци во општината Демир Хисар. Организатори: Познатиот уметник Живко Поповски – Цветин, претседател на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ од Скопје со „Центарот за креативни индустрии – Небо“ од Суводол, во соработка со  со Домот на Културата – Илинден, ОУ „Гоце Делчев“ и Црвениот Крст на Демир Хисар. Учесници: Проф. д-р Александар Стерјовски, исклучителен познавач на народните обичаи и поранешен учител на Цветин, Проф. д-р Борче Ангелков, претставници на споменатите субјеки, учениците од месното училишште со своите наставници и други присутни.

15 Април 2022

Денеска се навршуваат 42 години од смртта на големиот писател Ванчо Николески кој е погребан во Охрид. Ванчо Николески (1912-1980), романсиер, раскажувач и поет. Припаѓа на првата генерација македонски писатели за деца, генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.

27 Март 2022

      КОГА ТРЕБА ДА ЗБОРУВАШ ЗА ЛИЧНОСТ КАКО ДИМИТАР ПАНДЕВ , СЕ ПОСТАВУВА ДИЛЕМА : ОД КАДЕ ДА ПОЧНЕШ ? ФИЛОЛОГ , НАУЧНИК , ЛИТЕРАТУРЕН КРИТИЧАР , ЕСЕИСТ , ПРЕВЕДУВАЧ , ПРИРЕДУВАЧ НА КНИГИ , РЕЦЕНЗЕНТ , УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР , ПОЕТ , ПРОЗАИСТ , АВТОР НА УЧЕБНИЦИ , ДОБИТНИК НА БРОЈНИ НАГРАДИ ...ИЛИ , КАКО ШТО САМИОТ ЌЕ РЕЧЕ : „ ЈАС ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГРАЃАНИН НА СЛАВИСТИКАТА НА КОЈА СЕСРДНО СУМ ‘И СЕ ПОСВЕТИЛ “ .

Страница 3 од 46
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter