Во потрага по трајната убавина

02 Март 2022

На реномираниот новинар, публицист и преведувач Ненад Баткоски, за долгогодишна соработка и поддршка на Мисијата на мирот со цвеќето, неуморниот уметник- миротворец Живко Поповски Цветин, му додели “Цветинова награда за мир”.
Баткоски работеше за весниците “Борба”, “Република” и други, а како сопственик на издавачка куќа “Бата прес” во текот на неговото издаваштво секогаш ја поддржувал и афирмирал каузата за мир.

21 Февруари 2022

Во паркот во Капиштец, со скромна и пригодна манифестација, вчера беше чествуван денот кога е роден познатиот македонски поет и публицист Трајан Мартиноски.

06 Февруари 2022

Промотор на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан “ од Милчо Јованоски и Гордана Змејковска во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ вчера беше познатиот охридски новинар и публицист Владо Жура, вљубеникот во Охрид од 19 век. Публицитет.мк во целост ја објавува беговата промоторска реч во која Жура открива нови факти за Прличев, збогатувајќи го мозаикот посветен на преродбеникот Прличев. 

17 Јануари 2022

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, Соединетите Американски Држави, Методија А. Колоски, Управниот одбор, чиј претседавач е Стојан Николов, едногласно му ја додели глобалната „Награда за животно достигнување за 2022 година“ на познатиот публицист, журналист и аналитичар за македонската дијаспората, Славе Николовски-Катин. Наградата ќе му биде врачена на 5-та Глобална конференција на ОМД во Скопје, која се очекува да се одржи во јули 2022 година.

13 Јануари 2022

Трајче Кацаров е автор на поемата „Цветко“ прогласена за најдобра за 2021 година на отворениот конкурс што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот поет Григор Прличев. Според жирито „неговиот ракопис отвара суштински егзистенцијалистички прашања“.

05 Јануари 2022

Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (или 23 декември според јулијанскиот календар), а другиот во летниот период на 3 јули (20 јуни).
Тој лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

07 Декември 2021

Во годинава што изминува, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

18 Ноември 2021

На 14-ти ноември 2021 година, во Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада, Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое е во состав на Црквата, одржа промоции на делата „Семејството Видиновски“ и „Македонците во светот“ од авторот Славе Катин.

12 Ноември 2021

Извршниот одбор на „Маџирмаалски средби“ и Комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ распишуваа КОНКУР за избор на најдобра поeтска творба во рамките на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2021 година.

04 Ноември 2021

       Годинава во рамките на десеттото - јубилејно издание на културно - забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца пред бројната публика д-р Мери Јосифовска, Научен советник/ редовен професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, говореше за Трпејца од ономастички аспект. Како одблесок од летото и желба неговата содржина да допре до поширок круг луѓе, благодарение на пресретливоста на д-р Јосифовска, нејзиниот труд го објавуваме во целост. Со надеж дека и други ќе продолжат со истражувањето на минатото на Трпејца од различни агли. 

Страница 4 од 46
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter