Во потрага по трајната убавина

05 Август 2015

КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА“
Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.

Петре Мито Андреевски (СлоештицаДемирхисарско25 јуни 1934 - Скопје25 септември 2006) — македонски поет,романописецраскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

02 Август 2015

Потрагата по трајната убавина ја правиме заеднички со Вас почитувани, читатели и посетители на „Публицитет.мк“

31 Јули 2015

Честитката што Џони Кеш ја напишал на својата сопруга Џун Картер, е прогласена за најубаво љубовно писмо на сите времиња, во анкетата на британската осигурителна компанија „Бигл Стрит“ по повод празникот „Свети Валентин“.

30 Јули 2015
Животни мудрости за убав ден
 
 

Наместо мисла на денот, ќе ве запознаеме со неколку мудрости, кои секогаш вреди да се имаат на ум.

„Еден совет, може да вреди цело азно“, е пораката со која што пораснавме, блгодарение на сериите и приказните на МРТВ.

Никогаш не ја пропуштајте можноста да ги читате мислите на денот, можеби токму некоја ќе ги промени вашите погледи во животот и ќе ја примените во клучна ситуација.

Еве ги нашите пет мисли на денот.

„Сите наши соништа можат да се остварат, доколку имаме храброст да ги реализираме.“ – Волт Дизни

1

„Единствениот начин да завршиш одлична работа, е да го сакаш она што го работиш.“ – Стив Џобс

2

„Не е важно колку бавно одиш, под услов да не запираш.“ – Конфучие

3

„Секое долго патување започнува со еден чекор.“ – Лао Це

4

„Ако не можете да направите големи нешта, тогаш правете мали нешта на голем начин.“ – Наполеон Хил

5

Извор: 365.com.mk 

28 Јули 2015

Одбравме книга за Вас, да ги скратите долгите, жешки денови 

24 Јули 2015
 
Езеро
 
 
По години и сништа многу
повторно се вратив
на езерово
со слатки води
залутано во скутот на ридовитеДијамантот на сонцето
уште длабиНе камен на неговото дно
ни трева грло што си крие
под брановите
ни птица грабеж див што носи

Око сум само око на сонцето
што му ги ниша водите
стари

О оставете ме крај ова езеро
оставете ме крај езерово
крај горчливово
оставете ме мртов

 
 Ѕвона
 
 
 
            Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
 
            звуците се бранови на ветрот
 
            низ тревите подгонети.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
 
            Глуво е сè. Сал ритамот
 
            плиска по брегот на железото.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно
 
            Бегајте низ кафезот звучен
 
            глуво и безнадежно.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
 
            Сè е затворено. Опчинет
 
            за звуците сум виснал.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
 
            Време, удри и ти по споменот
 
            грубо и незаситно.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
 
            Сè боли, небо. По тревата
 
            на звуците познати легни ме.
 
 
           

Залез

 
 
Румено. Румено. Румено.Како занесена песна
во синото море
на горите
тоне
залезот.Од тревите до кавалот
од стадото до облакот
сè е бујно
запалено.

Од градите до песната
од чекорот до чешмата
сè е чудно
разгалено.

Стадо в кавал заљубено
ѕвоно в песна изгубено
око в божур залудено

Румено. Румено. Румено.

             
 
 
Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Прво работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио Скопје. Бил генерален директор на Радио-телевизија – Скопје.
 
Од 1956 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и одреден период ја вршел функцијата негов претседател. Матевски е член на МАНУ каде бил претседател во периодот 2001 – 2004 година.
Во  2011 година  на јубилејните 50 Струшки вечери на поезијата нему му беше доделен Златниот венец.
 
Ги напишал збирките песни: „Дождови“(1956), „Рамноденица“(1963),„Перуника“(1976), „Круг“(1977),
Липа“(1980), „Раѓање на трагедијата“(1985), „Оддалечување“ (1990), „Црна кула“ (1992), „Завевање“ (1996), „Мртвица“ (1999), „Внатрешен предел“ (2000),
 
 
Поетско творештво
Творештвото на Матеја Матевски од првата стихозбирка „Дождови“, па до последната
„Внатрешен предел“ е проткаена со немирот што го чусвтвува поетот заради оддалечувањето на човекот од природата, од неговиот искон. Колку повеќе се оддалечуваме од природата, толку повеќе стануваме несвои, опфатени од злото, загубени. Можеби единствениот излез од неспокојот тој го наоѓа во враќање во минатото, во детството, во невиноста на младоста, во сеќавањата кога цивилизациското зло сè уште не го опфатило. Стремежот во  неговата поезија е враќање кон природата, кон детството. Градот, асфалтот, висококатниците, тој сака да ги замени со зеленилото, мирот и спокојот што го нуди природата и човекот повторно да го поврзе со неа.
 
Публицитет.мк 
20 Јули 2015

 Стигна првиот предлог на наша читателка во оваа рубрика . Со задоволство го објавуваме изборот на Марина Шикова - Димовска, дипломиран филолог по македонска и јужнословенски книжевности.

18 Јули 2015

Млитавка

Пред неколку дена ја повикав во мојот кабинет гувернатата на моите деца, Јулија Васиљевна. Требаше да ја исплатам.
- Седнете, Јулија Васиљевна! - ѝ реков. – Ајде да пресметаме колку ви должам. Вам ви се потребни пари, а вие сте толку церемонијална што сами нема да си побарате… Па… Се договоривме за триесет рубли месечно…
- За четриесет…
- Не, за триесет… Така сум запишал… Јас на сите гувернанти им плаќам по триесет… Кај нас бевте два месеци…
- Два месеци и пет дена…
- Точно два месеци… Така сум запишал. Значи, ви следуваат шеесет рубли… Ако одземеме девет недели… нели, во неделите не работевте со Коља, ами само се шетавте… Па три празника…
Јулија Васиљевна се вцрви и почна да го дрпа карнерот, но… ни збор!
- Три празника… Настрана, значи, дванаесет рубљи… Коља беше болен четири дена и немаше часови… Ја учевте само Варја… Три дена ве болеа забите, така што жена ми ви дозволи да немате часови попладне… Дванаесет и седум – деветнаесет. Одземаме… останува… хм… четриесет и една рубља. Така?
Левото око на Јулија Васиљевна поцрвене и се навалжни. Брадата почна да ѝ се тресе. Таа нервозно се накашла, шмркна, но – ни збор!
- За Нова година скршивте шолја со тацна. Минус две рубли… Шолјата е поскапа, таа ни е семејна, но… Бог нека е со вас! Што ли не сме изгубиле! Потоа, поради ваше невнимание Коља се качи на дрво и си го скина палтото… Минус десет… Чистачката, исто така поради ваше невнимание, ѝ ги украде на Варја чевлите. Треба на сè да внимавате. За тоа примате плата. Па, значи минус пет… На десети јануари зедовте од мене десет рубли…
- Не сум зела, - шепна Јулија Васиљевна.
- Така сум запишал.
- Ајде, во ред.
- Четриесет и еден минус дваесет и седум – остануваат четиринаесет…
И двете очи ѝ се наполнија со солзи… На долгиот, убав нос се појави пот. Кутрата девојка!
- Само еднаш позајмив, - рече таа со растреперен глас. – Од жена ви зедов три рубли… Повеќе не сум зела…
- Навистина? Ете, а јас не сум запишал! Четиринаесет минус три, остануваат единаесет… Еве ви ги парите, госпоѓице! Три… три, три… една и една… Повелете!
Јас ѝ подадов единаесет рубли… Таа ги зеде со растреперените прсти и ги пикна в џеб.
- Merci, - прошепоте таа.
Јас скокнав и почнав да шетам по собата. Ме фати бес.
- За што merci? – прашав.
- За парите…
- Ама, јас ве искрадов, по ѓаволите, ве ограбив! Украдов од вас! За што merci?
- На други места воопшто и не ми плаќаа…
- Не ви плаќаа? Тешко вам! Јас се пошегував со вас, ви одржав добра лекција… Ќе ви ги дадам сите осумдесет рубли! Ене се, во пликот, подготвени се за вас! Зошто сте толку апатична? Зошто не се буните? Зошто молчите? Зошто не покажете заби? Зарем е можно да сте таква млитавка?
Таа се насмевна кисело, а јас на нејзиното лице прочитав: „Можно е!”
Ја замолив да ми прости за жестоката лекција што ѝ ја одржав и ѝ дадов осумдесет рубљи, иако таа се чудеше. Таа срамежливо ми се заблагодари и излезе… Ја погледнав и си помислив: лесно е да се биде силен!

 

Кој е Антон Оавлович  Чехов? 

Антон Павлович Чехов роден е во градот Таганрог на 29 јануари 1860 година, а умрел 15 јули 1904 година, во Баденвејлер (Јужна Германија). Погребан е во Москва. Татко му е Павел Егорович Чехов (1825-1898), а мајка му била Евгенија Јаковлевна (родена Морозова) (1835 – 1919).

Браќа и сестри: Александар – писател, лингвист (1855 – 1913); Николај – сликар (1858 – 1889); Михаил – писател и правник (1868 – 1936); Иван – учител (познат московски педагог) (1861 – 1922); Марија – сликарка, пејзажистка (1863 – 1957). Сите деца на Чехови биле исклучително надарени, високообразовани луѓе.

Таткото Павел Егорович бил интересна личност. Со трговија се занимавал без особен интерес, а поголем дел од своето внимание го посветувал на црковните служби, пеењето и на општествените работи. Семејството било традиционално – патриархално: децата ги воспитувал во строгост, често применувајќи и телесни казни, безделничењето никому не му било дозволено. Покрај учењето во гимназијата, синовите на Павел Егорович понекогаш му помагале на татка си во работата, а навечер пееле во хорот. Таткото прекрасно свирел на виолина и пеел, Маша го придружувала на фортепијано, а заедно образувале целосна музичка семејна претстава.

Извор: Википедија 

 

16 Јули 2015

Бескрајно небо, сина езерска шир, издигнати планини и вечен, спокоен мир. Местото од кое се црпи цела инспирација, се црпи цела убавина, се преобразува, трансформира и се пресликува на хартија. Охриде, ти со твоите портокалoви залези и сини води кои ја топат мојата душа, ох, Охриде, дали ме слушаш?!

15 Јули 2015

Поезијо чувствата ми ги будиш!

Страница 45 од 46
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter