Григор Ангеличин - Жура: Знаете ли кој е авторот на барелејефот со ликот на Св Климент на гимназијата во Охрид?!

08 Декември 2022

Во мигов кога го одбележуваме нашиот празник убаво е да се потсетиме  и на еден значаен датум, поточно јубилејна годишнина.  Откако нашата гимназија го зацврстила своето име Св Климент Охридски, точно пред осумдесет години на гимназиската зграда е поставен и барелејефот со ликот на нашиот патрон Св Климент.

Тоа е дело на познатиот вајар Методиј Кецкар, истовремено и тогашен директор на гимназијата.

Методиј Кецкар (1904-1981) е син на познатиот охридски ревлуционерен деец Андон Кецкар (1865-1945)  чиј гроб и денденеска се наоѓа меѓу двете згради на ООУ Св Климент Охридски, веднаш до црквата Св Константин и Елена ,

Авторот на барелјефот изработил и ред скулптури посветени на Гоце Делчев, Даме Груев и редица револуционери а пред неговото заминување на специјализација во Париз 1947 година, ни оставил аманет :

 “Да се пазиме од културното обезличвејне зашто после него идат ослабвејне на националното сознание и политичката смрт на Македонецот!

Творци на Македонската славјанска култура , вие носите голема одговорност, од вас зависит да бидит или да не бидит Македонија!“

Методиј Кецкар натамошниот дел од животот и творештвото ги минува во Франција , во Париз работи претежно уметнички дела од керамика а познат е и како пејсажист. Учествува успешно на многу изложби под името Метод Кескар а по неговата смрт во негова чест сопругата Маргерит ја основа фондацијата “Маргерит и Метод Кескар“ од која секоја година се доделува награда за вајарско или ликовно дело на најуспешниот студент на Париската Академија на убави уметности!

 

 grigor zura copy

Григор Ангеличин-Жура, проф.по историја од Охрид.

Фото: Емил Јовановиќ 

Публицитет.мк 

Прочитано 962 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter