Влатко Милошевски: Во Охрид постои тесна уличка „Бранко Шотра“. Знате ли кој е Бранко Шотра?

11 Февруари 2023

Лесно е да се загубиш во лавиринтот на тесни улички во стартиот град во Охрид. Доколку одите од црквата Света Богородица Челница кон црквата Света Богородица – Каменско, од десната страна се искачува едно малечко и тесно уличе крстено „Бранко Шотра“.

Многу малку луѓе во Охрид и воопшто во Македонија знаат кој е Бранко Шотра. И каква врска има овој човек со Македонија и тоа уличе во Охрид?
Приказната започнува во октомври 1918 година, кога српската војска влегува во Охрид а Првата светска војна ги брои своите последни денови. Меѓу српските војници е и Бранислав Јованчевиќ (1885-1949) – познат српски скулптор кој се школувал во Будимпешта, Петроград, ,Рим и Минхен, а пред војната живеел и работел во Париз.

branko

Бранко Шотра, фотографија од 1944 г.


Иванчевиќ. Или „Бране“ – како што подоцна ќе го нарекуваат Охриѓани, бил стаписан од убавината од македонските дрворези по охридските цркви. Разбрал дека најголемиот дел се направени од познати копаничари од Дебар во 19-ти век, кои за жал испоумреле, а нивните потомци се отселиле по белиот свет во потрага по поубав живот. Во 1925-та година, Бране Иванчевиќ отвора резбарско училиште во Дебар , кое во 1928-ма година се сели во Охрид. Тука го обучува младите Македонци во техниките на македонското копаничарство и со тоа го спасува ова наше непроценливо културно богатство од исчезнување. Во ова училиште доаѓале да предаваат повеќе српски скулптори а меѓу нив бил и Бранко Шотра, кој бил учител во ова школо во периодот 1938-1940. Во овој период Бранко Шотра живеел во куќа на уличето од почетокот од оваа приказна.
Бранко Шотра е роден во село Козице , Херцеговина во 1906 година. Татко му Данило бил природно надарен во цртање и дрворез, и почнал да го учи Бранко да црта и резба од мали нозе. Во 1925 година, Бранко Шотра се запишува на Ликовната Академија во Белград, каде учи а трошоците ги плаќал со давање часови по цртање по средните училишта во Белград. За време на студиите се задојува со комунистичка идеологија и станува длабоко посветен член на партијата. Како комуинист, во 1930-тите години е повеќе пати затворан и суден, се додека неговиот професор, Љубослав Ивановиќ го пратил во Македонија да работи во резбарсокот училиште во Охрид.

selani

Бранко Шотра, Селани ручаат, мурал , 1939 г.


Комунистичката партија на Македонија го прибира во свои редови и Шотра станува член на Градскиот комитет на Охрид. Кога во 1940 година започнала војната во Југославија, Шотра е регрутиран и испратен на фронт во Дебар. По капитулацијата на Кралството Југославија, Шотра се враќа во Херцеговина, и преку Сараево и Белград, стигнува во Копаоник каде што ги организира првите партизански единици. Бранко Шотра станува познат Партизански војсководец, и бил активен во Србија , Босна и Косово ( Брезовица) и Македонија.
Генерал Михајло Апостолски во своите мемоари напишал дека во периодот 1943-44 Бранко Шотра бил исто партизан во македонските воени единици и дека го изработил со резба првиот печат на Главниот Штаб на партизаните , кој денес се наоѓа во Историскиот музеј во Скопје.
Во војната и потоа, со формирање на Федеративна Народна Република Југославија, Бранко Шотра и Моша Пијаде биле политички најмоќните ликови од уметниците. И двајцата многу блиски пријатели на Тито, кои ја уживале неговата целосна доверба, а и двајцата живееле и работеле во Охрид и добро ја познавале Македонија и Македонците. Се смета дека двајцата имале про-македонско влијание врз Тито и за време на војната и подоцна.
За жал не можам да пронајдан ниедно уметничко дело од Бранко Шотра направено во Македонија. Според одредени извори, после Дебар, Бранко Шотра се сретнува со неговиот пријател, протуѓерот Емил Божин, на кого му ги остава сите македонски портрети и пејзажи, кои за време на војната биле земени од роднините на Шотра и распродадени. Доколку некој од Вас има македонско дело од Шотра , би ви бил благодарен доколку ми испратите фотографија.

Пишува: Влатко Милошевски 

https://www.facebook.com/artlexicon.mk

Прочитано 878 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter