Презентација на проектот Керамикум во мермер од ликовниот уметник Емил Солески

24 Септември 2022

Денеска од 11:00 до 13:00 часот во просторот на Неолитскиот локалитет Заливот на коските , Охрид ќе се одржи презентација на проектот Керамикум во мермер од ликовниот уметник Емил Солески.


Овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата-ЖЕЛБЕНИК како трансцедентен објект на субјективното доживување.
Во рамките на проектот ќе се презентира филмот Желбеници и ќе се одржи изложба.
Филм „ЖЕЛБЕНИЦИ“ е визуелна прошетка во неолитските локалитети, Врбјанска чука, Залив на коските, Велушка тумба, Церје, Барутница, дополнета со инсценирана уметничка инсталација и музика.
Изложбата ќе содржи вкупно 28 желбеници. Пет групи по пет „желбеници“, кои инсценираат неолитски села, ќе бидат поставени кружно околу група од три желбеници што симболизираат земја, вода, сонце.
,,Желбениците, се создавани во едно време, невреме, кога почнав да фантазирам за едно време, а можеби и невреме, можеби, велам оти е изгубена од хоризонтот, но никако изгубена од видокругот на археолозите. Керамикум…Неолит…Младо камено време, време на куќата како место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на едно семејство и претставува центар во кој се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи“, вели Емил Солески.

Публицитет.мк 

Прочитано 251 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter