Во „Куќата на Уранија“ од утре изложбас на фотографии „ Охрид 1940 -1945"
10 Јули 2023
Утре од 20 часот во НУЦ „Куќата на Уранија“ – МАНУ во Охрид ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена "Охрид 1940 -1945".
Тоа ќе биде ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид - 1983, Охрид). Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија.
Автор на изложбата е Роберт Јанкуловски.
Изложбата во „Куќата на Уранија“ ќе биде поставена до 19 јули, годинава.
Публицитет.мк