Во „Куќата на Робевци“ од сабота изложба на слики од уметникот Владимир Герогиевски

13 Јули 2023

Во сабота 15 ju во Куќата на Робевци  ќе биде отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017).

Владимир Георгиевски е роден во Скопје, на 1 јуни 1942.

Во 1963 матурирал во Училиштето за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади ’25 мај’).

​Меѓу 1980 и 2012 беше професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектруа во Скопје. Една деценија во 1990тите, предаваше и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Беше професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројни театарски претстави и неколку домашни играни филмови.

​Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколку пати е наградуван и за неговата работа во театар.

Негово дело, портрет на Ф.М. Достоевски, рељеф, е поставено во Музејот на Ф.М. Достоевски во Санкт-Петерзбург во ноември 2012.

Почина во родниот град, на 25 мај 2017.

Негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа.

Публицитет.мк 

Прочитано 200 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter