Заврши 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “

14 Август 2023

Вчера во селото Белчишта, општина Дебрца, заврши 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, беше посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески, додека неговото дело продолжува во рацете на новото раководство под менторство на внуката на основоположникот, Мартина Целеска.

Колонијата се оддржа во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година и најново реновирана оваа година 2023. На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, твореа 10 ликовни уметници и тоа : 1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид 2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје 3. Маестро Запро Запров – Скопје 4.
Г-дин Војдан Запров – Скопје 5. Натали Николоска – Скопје 6. Андреј Антевски – Куманово ( најмладиот учесник на овогодинешната Колонија) Странски автори 1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул) 2. Петар Бељашки – Бугарија 3. Велислава Пежгорска – Бугарија 4. Светлана Соло Орлова – Русија.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што заврши на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.

Публицитет.мк 

Прочитано 809 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter