-На околу 200 километри од Прага во близина на прекрасните бањи Карлови Вари и Маријански Лазни во местото Тешов по трет пат се одбележа празникот Богојавление – Водици.
Верскиот чин го отслужи Владиката Криштофор во манастирот Преображение Господово, ни јави нашинецот Александар Глигуровски кој живее и работи во Прага.
На богослужбата биле присутни околу седумдесеттина луѓе претежно Македонци, имало Чеси, Руси и Украинци.
Церомонијата ја следеле и претставници на македонската амбасада во Чешка, како и досегашните кумови, доброволно пријавениот – нов кум за догодина Горан Ристов од Струмица.
Годинава кум беше Марјан Иваноски од Охрид. Вчера во манастирот по фрлањето на крстот сите пробале од вкусната охридска баклава и охридските питулици дело на мајката на кумот Иваноски.
Кумот и Владиката го даруваат Суровцев по повод фаќањето на крстот
-Чинот на фрлањето на крстот годинава се одвиваше под екстремно ниски температури – 13 степени. Претходно го кршевме мразот во реката за да стигнеме до водата. По светиот крст скокаа десеттина луѓе и не само Македонци, туку и од останатите приустни националности.
Сите досегашни и идниот кум: Александар Глигуроски и Јован Буџакоски за 2014 г. Ненад Серафимоски за 2015 г. Марјан Иваноски 2016 г и Горан Ристов за 2017 г.
Русинот Александар Суровцев беше најсреќниот тој го фати крстот. Во таа пригода беше даруван од страна на кумот и владиката, а прославата во чест на Водици, вечерва ја породолжуваме во Прага во еден ноќен клуб во организација на веќе стариот кум, ни напиша Глигуроски.
Публицитет.мк