За деца и млади
Охридскиот ХОР"ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ",во саботата настапи на 53.издание на фестивалот на детска песна ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ што се одржа во Македонска Филхармонија во Скопје.
Доколку е можно, малите деца воопшто не треба да си играат со мобилни телефони, бидејќи тоа има многу негативно влијание врз развојот на јазикот, моторичките вештини и социјалните вештини.
Скопскиот поетски фестивал, чиешто трето издание ќе се одржи во периодот од 24 до 28 септември, и годинава го организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси од домашната книжевна сцена.
Учесниците на Петтиот балкански камп за деца и млади "Ванчо Николески", благодарение на воспоставената соработка со менаџментот и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, се во прилика да проследат дел од манифестациите на светскиот поетски фестивал – "Струшки вечери на поезијата", по нивмни избор. Со тоа, тие се во близина на светските поетски великани.
На 176-та владина седница, на предлог на Министерството за образование и наука, е донесена Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од државен интерес. Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, меѓу кои и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во студиската 2023/2024 година.
Владата разгледа Информацијата од Министерството за образование и наука со предлозите за Календарот за организација на учебната 2023/2024 година во основните училишта и јавните средни училишта и донесе одлука во учебната 2023/2024 година учениците од основното и средното образование да имаат и пролетен распуст.
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, Благодарение на генералниот спонзор ПН МЕТАЛ и Агенцијата за Млади и Спорт, изминатиов викенд на 27.05 2023, учествуваше на еден од најјаките и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона , Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар "ГРАН ПРИ Зворник 2023" , во БиХ.
„Да почнеме од нас“ е краток филм во режија, монтажа и сценарио на Претседателот на ученичкиот парламент, генијалниот Иво Георгиески, и со главни улоги на деца од ООУ „Григор Прличев“ во кое учи и тој. Филмот е снимен под менторство на наставничката Славица Јолакоска -Таштаноска, а својата премиера ќе ја доживее денеска во 13:30 часот во Младински центар во Охрид.
Оваа пролет учениците од ООМУ „Методи Патче“ заедно со менторите во Охрид се вратија со грст награди од неколку меѓународни натпревари во Кавадарци, Скопје, Тревизо, Орбетело и Белград, соопштија од Музичкото.