Нов успех на карате клубот Фудошин - Охрид
06 Март 2023
На 5 март во Скопје се одржа Државното првенство во традиционално карате за ката при МТКФ (Македонска традиционална карате федерација).
Карате клубот Фудошин -Охрид учествуваше со 4 натпреварувачи: Наум Јаковлев , Марија Тодоровска , Али Џемаил и Ана Томоска.
Наум Јаковлев го освои 3-то место во категоријата сениори.
Во идниот период следат подготовките за Државното првенство во кумите и 5-то Балканско првенство во традиционално карате кои ќе се одржат идниот месец.
Публицитет.мк