Денеска премиера на краткиот филм „Да почнеме од нас“ дело на ученици од ООУ „Григор Прличев“

18 Мај 2023

„Да почнеме од нас“  е краток филм во режија, монтажа и сценарио на Претседателот на ученичкиот парламент, генијалниот Иво Георгиески, и со главни улоги на  деца од ООУ „Григор Прличев“ во кое учи и тој.  Филмот е снимен под менторство на наставничката Славица Јолакоска -Таштаноска, а својата премиера ќе ја доживее денеска во 13:30 часот во Младински центар во Охрид.

-Кога децата ќе го претстават нивното секојдневие низ нивното гледиште, кога ќе ги сфатат грешките и кога ќе учат од нив, тогаш сте сигурни дека тие го трасираат вистинскиот пат. За прв пат во нашето училиште, краток филм на тема булинг, различности и непочитување. За прв пат во нашето училиште децата ги толкуваат главните на нивниот секојдневен тек, стои во соопштението на социјалните мрежи.

Прличевци, наставниците и ученици ве повикуваат вас другарчиња, родители/старатели и семејства заедно да погледнеме сцени кои ќе ни го сменат за миг нашето гледиште кон денешницата.

Ако почнеме од нас... ќе успееме да го направиме овој свет поубаво место за живеење! ДА ПОЧНЕМЕ ОД НАС" е насловот на филмот кој има силна порака во себе.

Публицитет.мк 

Прочитано 406 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter