Стипендии за странски студенти со македонско потекло од Балканот да студираат на УИНТ „Св. Апостол Павле“

02 Август 2023

На 176-та владина седница, на предлог на Министерството за образование и наука, е донесена Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од државен интерес. Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, меѓу кои и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во студиската 2023/2024 година.

Исто така, на владината седница е донесена одлука за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус и трет циклус на јавните високообразовни установи, меѓу кои и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, а по доставување на предлозите од универзитетите за конкурсите за запишување студенти во втор циклус на студии и трет циклус -  докторски студии за академската 2023/2024 година.

Публицитет.мк 

Прочитано 159 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter