Поетските надежи од Балканот на "Струшките вечери на поезијата"
25 Август 2023
Учесниците на Петтиот балкански камп за деца и млади "Ванчо Николески", благодарение на воспоставената соработка со менаџментот и вниманието од страна на претседателката на Управниот одбор, професор д-р Елизабета Шелева, односно директорот Тодорче Тасевски, се во прилика да проследат дел од манифестациите на светскиот поетски фестивал – "Струшки вечери на поезијата", по нивмни избор. Со тоа, тие се во близина на светските поетски великани.
Тоа е за нив голема инспирација и поттик за поетско создавање. Да им посакаме и тие, еден ден, да застанат на "Мостот на поезијата" со "Златниот венец "во своите траце, пишува на Фејсбук Веле Митаноски идејниот творец на Кампот и познат македонски новинар и публицист.
Публицитет.мк