al palpojo 2020

Занимливости

29 Јули 2015

Милиони гледачи во Србија го гледале извлекувањето на броевите од 59-то коло на играта на среќа „Лото“ и не можеле да им поверуваат на своите очи кога петтиот број од комбинацијата се појавил најпрво на екранот, а дури потоа топчето со тој број бил извлечен од барабанот.

28 Јули 2015

На самиот почеток на оваа недела, универзитетот во Мичиген, заедно со транспортната служба на градот, отвори ново тест – игралиште, каде автомобилските производители и добавувачи на технологии ќе тестираат автомобили без возачи во контролирана средина.

28 Јули 2015

Досетлив гаџет за оние кои се нервираат кога нивните домашни го трошат целиот бојлер.

26 Јули 2015

Вчера во Трпејца се одржа и традиционалната кајакарска регата во чест на прерано починатиот тренер и претседател на КК „Рибар“ Номче Митрески.

25 Јули 2015

Пештерите кријат некоја неверојатна мистичност, која не тера да прошетаме длабоко во неа и да откриеме што се крие. Уште поубави се кога сончевите зраци продираат до длабочината и ја осветлуваат. Токму поради нивната беспрекорна убавина, ви ги прикажуваме најубавите пештери во светот, во кои ќе посакате да прошетате, да јадете или можеби да пливате.Ресторан „Summer cave“, Италија

Замокот на Буда во пештера, Мјанмар

Длабока сина замрзната пештера, Исланд

Природно богатство во внатрешноста на пештера, Гватемала

Сина мермерна пештера, Чиле

Замок во пештера, Словенија

Длабока подземна пештера, Русија

Црна длабока пештера, Австралија

Неверојатно осветлена пештера, Јапонија



Најголемата пештера во светот, Виетнам

Замок во внатрешноста на пештерата, Тајланд

Извор:Идивиди.ком.мк

23 Јули 2015

Потрагата по плен на комарците се базира на три клучни механизми. Знаејќи ја нивната тактика за напад, можеме да скроиме подобра тактика за одбрана.

Во експериментот направен на Калифорнискиот институт за технологија, научниците ставиле купче комарци во „ветерен тунел“ (тунел во кој се експериментира со струење на воздух и кој обично вклучува огромен пропелер) и го набљудувале нивното однесување, сé со цел да откријат како и на кои принципи тие ја детектираат својата жртва (Вас).

Експеримент 1 – јаглероден диоксид: Од едниот крај на тунелот, научниците пуштиле CO2, за да симулираат здив на човек што издишува. Комарците тргнале да летаат кон јаглеродниот диоксид. Потоа, научниците пуштиле контролна емисија на воздух. Таквиот потег немал никаков ефект врз (однесувањето на) инсектите.

Експеримент 2 – темен објект: Кога темен објект бил поставен во тунелот, комарциите воопшто не биле заинтересирани. Но, кога научниците пуштиле и емисија на CO2, комарците веднаш се упатиле кон темниот објект. Ова демонстрира дека комарците се заинтересирани за она што визуелно ги стимулира само ако претходно е стимулирано нивното сетило за мирис.

Експеримент 3 – термален експеримент: Научниците поставиле два предмета во тунелот; едниот загреан до 37 степени Целзиусови (приближно на температурата на човечкото тело), а другиот оставен на собна температура. Комарците биле привлечени од топлиот предмет без разлика на тоа дали имало или немало присуство на CO2.

Мајкл Дикинсон, водечки автор на студијата, објаснува:

„Разбирањето на тоа како мозокот комбинира информација од различни сетила за да донесе соодветни одлуки, е еден од централните предизвици во невронауката. Нашите експерименти покажуваат дека комарците го прават ова на многу елегантен начин. Тие обрнуваат внимание на визуелните појави само откако ќе детектираат мирис што индицира присуство на плен во близината. Ова им помага да не губат време истражувајќи лажни мети, како камења или вегетација“.

Значи, да резимираме: Комарците се привлечени од визуелни, мирисини и термални сензации – топлина, CO2 и темни објекти. Дополнително, можат да ја „намирисаат“ својата жртва дури и на далечина од 50 метри. Практично и не можете да ги избегнете… освен ако не го зачувате здивот доволно долго за да го надминете критичниот радиус…

Извор: 365.com.mk

23 Јули 2015

Доколку ви се чини дека останувате без батерија побрзо отколку што ви требало време за да ја наполните, тогаш внимавајте на овие неколку работи кои можеби се причините за тоа. Погледнете кои може да бидат.

1. Зголемена ви е светлината на телефонот

Колку повеќе е зголемена светлината, толку повеќе батеријата се троши. Затоа наместете ја светлината на вашиот телефон така што ќе ја намалите до степен да не ви влијае на видливоста, а воедно ќе ви овозможи подолго траење на батеријата.

 

2. Апликациите коишто ги користите

Апликациите коишто ги користите на телефонот може да имаат поголемо влијание на трошење на батеријата за разлика од некои други. Затоа најдобро е во поднесувањата да проверите кои апликации повеќе ја празнат вашата батерија и да ги затворите доколку не ги користите.

3. Известувања

Верувале или не, постојаните известувања кои ги добивате од Фејсбук или Инстаграм може да влијаат на брзото празнење на батеријата. Затоа исклучете ги, бидејќи и така немате потреба да го проверувате вашиот телефон на секои 5 минути.

2-eve-gi-odgovorite-na-prashanjeto-zoshto-vashata-baterija-na-mobilniot-telefon-se-prazni-brzo-www.kafepauza.mk_

4. Вибрации

Вибрацијата ја троши вашата батерија повеќе, отколку ако вашиот телефон е ставен на нечујно или пак на звук. Затоа користете некоја од овие две опции за да не морате да го полните вашиот телефон на секој час.

5. Не го исклучувате wi-fi сигналот

Доколку вашето wi-fi е константно вклучено, немојте да се чудите зошто вашата батерија побрзо се празни. Најдобро е да го вклучувате само тогаш кога навистина ви е потребен.

6. Не го вклучувате авионскиот режим

Доколку знаете дека ќе треба да го користите вашиот телефон подолго време, а нема да ви бидат потребни праќањето и добивањето пораки и повици, тогаш одберете го авионскиот режим. Тој ќе ја зачува вашата батерија на подолго време.

3-eve-gi-odgovorite-na-prashanjeto-zoshto-vashata-baterija-na-mobilniot-telefon-se-prazni-brzo-www.kafepauza.mk_

7. Автоматско надградување на апликациите

Секој кој има паметен телефон знае дека некои апликации одвреме-навреме самите се надградуваат, но тоа истовремено влијае на батеријата. Затоа исклучете ја оваа опција за да немате проблеми со траењето на вашата батерија.

8. Вклучена ви е опцијата за пронаоѓање локации

Доколку опцијата за пронаоѓање на локацијата каде што моментално се наоѓате ви е постојано вклучена, ете ви уште една причина за батеријата побрзо да ви се испразни. Исклучувајте ја оваа опција во моментите кога воопшто не ви е потребна.

Извор:Кафе пауза.мк 

 
 
 
22 Јули 2015

Во срцето на Мумбаи се наоѓа најскапиот дом во Индија – 27-ката квадратна зграда во која живее само едно семејство: Амбани. Мукеш Амбани со богатство од околу 20 милијарди долари се смета за најбогат човек во потконтинентот.

22 Јули 2015

Оваа слатка кујнска состојка обично се користи за засладување на храната или пијалаците со цел тие да бидат повкусни.

21 Јули 2015

Драматични сцени на сурферскиот натпревар Џеј-Беј Опен во Јужноафриканската република. Пред вклучени камери Австралиецот Мик Фанинг беше нападнат од ајкула. Кратко потоа спасувачите го извлекоа од морето-неповреден.

Секунди во кои застанува здивот. Одеднаш од никаде ајкула се појавува во Џеј Беј и го напаѓа професионалниот сурфер Мик фанинг. Трикратниот светски првак со многу среќа и вештина успеа да си го спаси животот. Неколку секунди по нападот на ајкулата, тој неповреден беше спасен од морето. Шокот му беше влегол длабоко в коски. „Некако сум перфектно во ред“, изјави Фанинг, кој шокирачкиот момент го долови на следниов начин: „ И тогаш одеднаш го имав овој инстинкт дека некој е зад мене. И одеднаш нешто започна да ме влече под вода. И тогаш се појави ова нешто, јас бев на штицата а тоа беше веднаш тука...“
 
Извор: Дојче веле на македонски 
Страница 83 од 84
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter