al palpojo 2020

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

06 Август 2023

Со помош на напредна спектроскопија, истражувачите од Националниот институт за стандарди и технологија во Гетерсбург, Мериленд –САД, успеале да детектираат и идентификуват исклучително мали дамки од кокаинметамфетамин и хероин. Во некои случаи овие количини може да изнесуваат еден трилионити дел од грам, од само еден отисок од прст.

Истражувачите ги калибрилале своите спектроскопски техники со користење на „ink-jet“ печатени делови од познати количини дрога, за да измерат и ронки од хемикалиите. Потоа, со 3Д печетени пластични прсти и синтетичка верзија на мастите од прст, истражувачите креирале отисок од прст извалкан со дрога и пренесен на хартија или силициум.

На хартијата, истражувачите успеале да детектираат исклучително мали количини од дрога, како 1 нанограм кокаин и над 50 нанограми од метамфетамин и хероин. На силициумот, овој систем можел да одреди толку мали количини, како 8 пикограми од  кокаин и хероин и околу 1 нанограм од метамфетамин.

Истражувачите, исто така, можеле да ја посочат и локацијата каде се наоѓа дрогата на отпечатокот од прстот  – на пример дали се наоѓа на испакнатите или вдлабнатите делови од отпечатокот. Овие информации, велат авторите, ќе можат да им помогнат на истражувачите да откријат со кои хемикалии осомничениот бил во допир и во која временска рамка се случиле криминалните настани.

Истражувањето  е објавено во списанието „Analytical Chemistry.“

Извор: www.enauka.mk 

Прочитано 535 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter