Адријана Сулејман, Медицинска сестра и дипломиран Физиотерапевт од Охрид
Животот знае како да ти донесе бура во моментот кога мислиш дека конечно можеш да земеш здив. Може да те уништи и да направи одново да се сомневаш во сѐ. Но, животот исто така може да те вивне и до неверојатни височини.И тоа е она на коешто јас се фокусирам. Среќна сум затоа што сфатив дека мојата среќа зависи од мене. Јас одбрав да бидам среќна. Среќна сум затоа што имам сѐ што ми е потребно. Имам прекрасни родители и пријатели кои ми се како семејство,успешна кариера….но не застанувам тука,имам соништа кои ме туркаат да продолжам понатаму,знам дека ќе успеам и дека ќе се оствараат,како што дел од нив веќе и се остварија,ќе се остварат бидејќи сум Борец.И не зборувам за онаа среќа која се покажува со насмевка или расположение. Зборувам за среќата која потекнува од длабочината на мојата душа.
Горда сум на моите Родители-тие се мојот мотив,мојата подршка моето СЕ’! Првото Благодарам за тоа што сум денес,е едно големо БЛАГОДАРАМ до нив!
Драги пријатели,колеги,колешки,и целиот колективен тим,ви благодарам на искрените желби за мојот роденден. Добро е што ве имам сите ВАС! Ве сакам мои драги пријатели,како и вие мене! Посакувам да бидеме сите здрави,живи и посреќни, да го живееме животот исполнет со многу љубов,верба и надеж!
На Публицитет му благодарам за невообичаената честитка.
Публицитет.мк