• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ИЗЛОЖБА – СРЕБРОРЕЗ ОД БОРО МИТРЕСКИ МИНТА

септември 8, 2024
in Омнубус
АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ИЗЛОЖБА – СРЕБРОРЕЗ ОД БОРО МИТРЕСКИ МИНТА

По повод одбележувањето на Денот на независноста на Македонија во Куќата на Робевци  НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – ОХРИД на 8 Септемви 2024 година се одржа свечено отворање на ИЗЛОЖБА – СРЕБРОРЕЗ, 33 ХРИСТОТ ЖИВОТОТ ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО од истакнатиот Охридски уметник Боро Митрески – Минта.

Изложени се 33 негови дела под знакот на годините што ги живеел Исус Христос. На отворањето се прочита рецензијата од Ефтим Клетников, македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач:

„Боро Митрески е необична и богата личност… Оваа негова изложба сега му е посветена на среброто од кое Боро Митрески – Минта создал 33 прекрасни минијатурни експонати од семејството накит, фасцинантни микроуметнички дела создадени не само со една вешта рака, туку и од една префинета уметничка душа…

Она што импресионира посебно на филигранските микроеспонати на Боро Минта е нивната фасцинантна рачна изработка, која изгледа речиси невозможна. Невозможното да се длаби со глетото на таков микропростор и да се создаде сребрен микробарокен вез. Лорка велеше дека поетот за да го перципира совршено светот треба во едно око да има микроскоп, а во другото телескоп. А кај Боро Минта и во двете очи има микроскоп, оти така може да го оствари својот филигрански сребрен миркопроект… Нивната естетика е естетика на душата, И тоа кажува сè“

Јас лично би додал: Од вистинските Мајстори остануваат Дела, од останатите, остануваат само празни зборови. Боро Митрески – Минта со своите дела докажува дека е човек со добра душа што е знак на бесмртност.

Да ни е среќна и вечна сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Публицитет.мк

Посетеност: 414
Share
Previous Post

Почина познатата пејачка на македонски народни песни Анка Гиева

Next Post

Бидете пољубезни отколку што е потребно, бидејќи сите што ги запознавате се борат во некоја битка

Next Post
Што и да направиш, некои луѓе нема да те сакаат. Што и да направиш, некои луѓе нема да престанат да те сакаат.

Бидете пољубезни отколку што е потребно, бидејќи сите што ги запознавате се борат во некоја битка

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 414

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk