Во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид на 27 август се одржа поетска средба со истакнатиот црногорски поет академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите
Средбата ја отвори претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Љупчо Коцарев кој ја образложи соработката меѓу двете академии, Македонската и Црногорската со надеж деќа ќе се развива уште побрзо и подобро.
Академик Љупчо Коцарев
Македонскиот книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик Катица Ќулавкова даде воведен збор, го претстави академикот Павле Горановиќ, а негови неколку песни во превод на македонски јазик ги прочита познатиот македонски поет, есеист и преведувач Никола Маџиров.
Академик Катица Ќулавкова
Црногорскиот писател академик Павле Горановиќ пишува поезија, проза и книжевна критика. За своето книжевно творештво добил голем број признанија и награди. Добитник е на Државната награда Мирославово евангелие за 2014 година за најдобро книжевно, историографско, етнографско и публицистичко дело објавено во Црна Гора.
Академика Павле Горановиќ
Неговите книги и литературни дела се преведени на повеќе јазици. Бил министер за култура во Владата на Црна Гора и пратеник во Собранието на Црна Гора. За член на Црногорската академија избран е во 2015 година.
Во Куќата на Уранија – МАНУ, Охрид
Поетската средба е во рамките на Научната и уметничка визита 2023, Куќата на Уранија, Охрид која завршува на 29. VIII 2023 година со Охридската школа на природното право на тема „Препознавање и разбирање на организираниот криминал и корупција во контекст на владеење на правото“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, со подршка на амбасадата на САД во РС Македонија.
Пишува
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк