• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Актерката Марија Новак наградена на Денови на комедијата во Куманово

октомври 9, 2024
in Култура
Актерката Марија Новак наградена на Денови на комедијата во Куманово

На актерката Марија Новак вечерва во Куманово на завршната вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ ќе и’ биде врачена наградата за најдобра споредна женска улога – за ликот Косара од претставата „Секс, лаги и љубомора“ во изведба на Народниот театар Охрид; а во режија на познатиот Коле Ангеловски.

Се огласи и добтин ичката на наградата секогаш ведрата и насмеана актерката марија Новак. Таа на социјалната мрежа ФБ напиша:

Е па дечки, и мене ми тргна 😁

Благодарам за наградата на жирито и на Фестивалот ❤.

Благодарам на Angelovski Kole,

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

и колегите од Народен Театар Охрид

за ангажманот и соработката.

Честитам на сите добитници.

Па нека ни’ се множет!

Фала Господе за дарбата за хумор,

нека и вака да му служиме на народов, барем 2-3 саати да си даде оддишка од бремињата на времињава 🎭👊💖

Специјално сакам да се захвалу на кумановску публику за смех и аплаузи, за време на целу претставу, за свите актери и смешке, напиша актерката Марија Новак на својот фб профил.

Еве кој друг е награден:

ОДЛУКА

Жири комисијата во состав: Александар Ивановски (претседател), Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски (членови) ги донесе следниве одлуки за награди на 27 издание на МТФ Денови на комедија Куманово:

Најдобра главна машка улога, Фаик Мефаиловски „Вечера за глупаци“ Театар Велес;

Најдобра споредна машка улога, Марко Трајковиќ „Како што сакате“ Театар Куманово;

Најдобра главна женска улога, Марија Минчева Андонов „Женидба“ Театар Штип;

Најдобра споредна женска улога, Марија Новак „Секс, лаги и љубомора“ Театар Охрид;

Најдобра режија, Куштрим Бектеши „Итроштините на Патук“ Театар Тетово;

Најдобра претстава, „Пар – распар“ Театар комедија, Скопје;

Најдобра сценографија, Марија Ветероска „Како што сакате“ Театар Куманово;

Најдобра костимографија, Лидија Георгиева „Како што сакате“ Театар Куманово.

Публицитет.мк

Посетеност: 399
Share
Previous Post

„Гастромак и пријателите 2024“: Предавања и мастер класови на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Next Post

Охридските болници за ортопедија и кардиологија идентификвани како приоритет на регионот – од годинава почнаа да нудат современ третман на услуги

Next Post
Охридските болници за ортопедија и кардиологија идентификвани како приоритет на регионот – од годинава почнаа да нудат современ третман на услуги

Охридските болници за ортопедија и кардиологија идентификвани како приоритет на регионот – од годинава почнаа да нудат современ третман на услуги

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 399

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk