Ниедна македонска трпеза не може да помине без таратур а вкусот ќе биде неодолив со зачинот за таратур од АЛПОЈО Охрид. Побарајте го во трговската мрежа.
Зачинот претставува мешавина на зачини која ќе ја направи вашата таратур салата највкусна. Комбинацијата на зачини, како лук, магдонос и црн пипер, се покажала како најуспешна за надополнување на вкусот на таратурот. Подгответе ја салатата според Вашиот омилен рецепт, додадете го зачинот според упатството кое се наоѓа на пакувањето и уживајте во неверојатно освежувачкиот вкус. Не се препорачува за лица алергични на овој вид на произод. Производот е усогласен со пропишаните услови.
Рецепт за вкусен таратур
Таратур е традиционално македонско јадење. Најчесто се служи како предјадење. Потребни состојки (за 4 лица):
• 2 краставици (околу 12 см)
• 500 гр. кисело млеко
• 1 лажица сол
• 1/2 лажица оцет
• 3 чешни лук (мелен или во прав)
• 50 гр. ореви (по избор)
• 10-20 гр. масло за готвење (по избор)
• магданос (за декорација, по избор)
Краставиците ги миеме и потоа ги лупиме. Ги сечкаме ситно. Потоа ги ставаме во сад и наросуваме сол. Во садот додаваме кисело млеко и лук. Добро примешуваме. По избор додаваме масло за готвење и ореви. Смесата ја ставаме во голем сад за послужување. Декорираме со магданос. И секао за сето ова го користиме зачинот за таратур од АЛПОЈО Охрид.
Таратурот го послужуваме ладен. По можност, се зачинува со листови свеж.
Публицитет.мк