Наш предлог за оваа недела – куркумата на пиедесталот.
Нејзиното редовно консумирање ни носи мноштво бенефити, пред сè поради моќните антибактериски, антивирусни, антифунгални и антивоспалителни својства. Токму поради тоа, куркумата е ефикасна за лечење на настинките, превенција од инфекции, ублажување на болките, но и подобрување на состојбата на кожата.
Таа може да се користи на повеќе начини и во повеќе комбинации, особено за ублажување на болката во грлото.
Раствор за испирање на грлото
Состојки:
½ лажичка органски прав од куркума
1 лажичка сол
1 шолја топла вода
Во топлата вода додајте ја солта и куркумата. Добро промешајте и со овој раствор испирајте го грлото наутро.
Куркурмата изобилува со витамини Б6, Б3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а исто така е добар извор на прехрамбени влакна. Се користи како додаток во супи, чорби, салати, ориз. На јадењата им дава убава жолта боја и природна арома.
Не се препорачува за лица алергични на овој вид на произод.
Производот е усогласен со пропишаните услови.
Антибиотиците се многу корисни и постојано спасуваат многу животи. Но, многу луѓе ги користат премногу често.
Некогаш, постојат природни лекови кои можат да ни помогнат да надминеме некаков проблем и да си помогнеме себеси. Постојат многу природни антибиотици, но комбинацијата од мед и куркума е најдобра.
Медот е корисен поради тоа што има моќ да ни помогне да се справиме со инфекциите и бактериите, додека пак куркумата е чувар на нашиот имунитет. Комбинацијата од овие 2 состојки има антивоспалителни, антисептични, антибактериски и антиоксидантски својства.
Тие помагаат за надминување на настинките, астмата, хипертензијата, високиот крвен притисок, артритисот, дијабетесот, срцевите заболувања, па дури и депресија и анксиозност. Исто така, оваа комбинација помага за справување со многу инфекции и бактерии во нашето тело.
Тие исто така ја подобруваат и еластичноста и хидратацијата на кожата и придонесуваат за посјајна кожа.
https://www.facebook.com/alpojoohrid
Публицитет.мк