Вчера по повод 25 Мај роденденот на Јосип Броз – Тито поранешен – доживотен претседател на СФРЈ и Денот на младоста делегација од Сојуз на борци и продолжувачите на традициите од НОБ и Титовите леви сили од Охрид беа во Скопје и Белград и му оддадоа должна почит на Тито.
![](https://publicitet.mk/wp-content/uploads/2024/05/0bb8c3cf-6a13-4b2c-817f-fa5ac3b49204-1024x576.jpg)
Делегацијата положи свежо цвеќе на споменикот на Ј.Б.- Тито пред истоимената гимназија во Скопје со што беше одбележана 132 годишнина од неговото раѓање.
![](https://publicitet.mk/wp-content/uploads/2024/05/9448cef7-5123-47e7-943b-3b8574e451d6-576x1024.jpg)
Присутните заедно ја посетија и спомен собата на другарот Тито во непосредна близина на старата Железничка станица, а охридските Титоисти го посетија и вечното почивалиште на Тито на Дедиње како и Музејот„ 25 Мај“ кој е во рамките на комплексот.
![](https://publicitet.mk/wp-content/uploads/2024/05/maj-ti-576x1024.jpg)
Публицитет.мк