Од 24 до 26 октомври 2023 година, во градот Ајдин во Р. Турција се одржува 3-та меѓународна конференција на географијата, уметноста, културата, историјата и фолклорот на Балканот, Анадолоја, Кавказот и Средна Азија, во организација Ајдин Мендерес Универзитетот, а во партнерство со Центарот за напредни истражувања од Скопје, организацијата „Мираз“ од Баку, Азербеџан, Универзитетот „Александар Џувани“ од Елбасан, Албанија, како и други партнери.
Оваа 3-та меѓунардона конференција се одржа во чест на проф. д-р Рубин Земон, кој во изминатите декада и полвина, даде значаен придонес кон развивањето на научната соработка од областа на културното наследство помеѓу Балканот, Турција и Азербеџан.
Професорот д-р Ахмет Ајтач од Универзитетот во Ајдин, кој воедно е претседател на програмскиот комитет на конференцијата истакна дека „проф. д-р Рубин Земон не само што научно од антрополошки апсект солидно го познава регионите Балканот, Анадолија и Кавказот, туку несебично се вложува во зајакнувањето на соработката од повеќе области, а особено во равојот на туризмот, културната, научната и економската соработка на овие области“.
Рубин Земон на оваа конференција настапи со реферат на тема: „Историските и културните релации на Балканот, Анадолија и Каваказот со Египет и Африка“, со што на некој начин го отвори и научниот дел на Конференцијата, на која има 65 реферати од учесници од 17 земји.
Во рамките на конференцијата се отвори и уметничка изложба на ракотворби и уметнички дела од автори од различни земји.
Публицитет.мк