Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на мутации во гените кои се одговорни за појава на српеста анемија
Српестата анемија е наследен облик на анемија-состојба во која не постојат доволно здрави клетки (еритроцити), за адекватни количини кислород во нашето тело. Тоа е доживотна болест на крвта и ги погодува крвните зрнца, односно нивниот главен дел (хемоглобин). Нормалните крвни зрнца содржат хемоглобин А, но постојат и абнормални форми како хемоглобин Ц и хемоглобин С. Кај оваа анемија, црвените клетки стануваат крути и лепливи и се во облик на срп, или полумесечини. Тие можат да заглават во малите крвни садови што може да го намали или блокира протокот на крв и кислород во деловите од телото.
Српестата анемија е предизвикана од миссенсе мутација, заради супституција на еден нуклеотид (А во Т-трансверзија).
Се наследува автозомно-рецесивно. Ако родителите преносители имаат дете, шансата е 1:4 дека детето ке заболи, и 1:2 дека ќе бидат преносители.
Дознајте повеќе на https://biomedlab.mk/
Публицитет.мк