Од 11 до 13 април во Будимпешта се одржа состанок на стручните тела, како и на работните групи на Здружението на ученички и студентски домови на Југоисточна Европа, на кој беа сумирани резултатите од основањето па до денес.
Член на ова Здружение е и Студентскиот дом „Никола Карев“ од Охрид а во работата состанокот активно учество зеде и директорот на домот м-р Жарко Куциноски.
-Во Будимпешта ги догворивме и идните правци на делување на Здружението. На состанокот беше присутен и Државниот секретар (на ниво на Министер во Владата на Унгарија) Золтан Маружа од кого добивме поддршка за понатамошната работата, како и идеи за иднаото наше делување, вели Куциноски за Публицитет.мк
На состанокот била донесена и одлука за местото и времето на одржување на Втората конференција на Здружението на уценички и студентски домови на Југоисточна Европа.
Публицитет.мк