Денес учениците при ООУ „Св. Наум Охридски“ пригодно го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик поддржан од УНЕСКО.
Пишувањето и творењето на мајчин јазик е една од најважните придобивки на човештвото – силна беше поентата која преку музика и рецитал допре до сите ученици.
Можноста да комуницираме, создаваме и да се изразуваме на македонски јазик не мотивира да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик, бидејќи е темел на културата, идентитетот и државноста.
За таа цел нашиот влог ќе биде фокусиран во зачувување и афирмација на мајчиниот јазик- едногласни се Наумовите ученици.
Публицитет.мк