Прашањето за просторот на Касарна Охрид, кое беше отворено на настанот “Разговори за Касарна“ во септември, останува отворено овој пат на Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАЦС Скопје.
Ќе биде истражувано од различни аспекти и на различни предмети овој семестар. За таа цел АРХРИД КОЛЕКТИВ организира воведно предавање и ќе биде домаќин на дводневна посета на 150 студенти кои ке ја обработуваат темата.
Предавањето ќе се одржи во четврток 16.03.2023 во просториите на Апостол Павле, и посета на локација на касарна; додека посета на останати референтни објекти во Охрид – во петок 17.03.2023.
Ова прашање со огоромен потенцијал го засега идниот развој на градот и односот кој го имаме кон просторот воопшто.
Публицитет.мк