Охриѓани на домашен терен, сосема заслужено стигнаа до втората победа во првенството и тоа против екипата на Вардар.
Што се однесува до натпреварот во трите четвртини од натпреварот главно се играше рамноправно, и се чини дека пресудна беше последната четвртина од натпреварот во која охридската екипа успеа да се одвои, и да стигне до толку посакуваната победа.втора во оваа сезона, победа која треба да значи многу во продолжението од сезоната.
Имено во ппоследната четвртина видовме одлична игра на охриѓани и тоа пред се во одбраната, кога „вардарци“ беа задржани на само 16. постигнати поени, додека со осум повеќе – 24 постигнати коша беа сосема доволни за победа, победа која значи многу за самодовербата на охридскиот прволигаш во понатамошниот тек од првенството.
Најдобар кај Охрид беше Американецот Лајонс со „дабл-дабл“ ефект од 22. поени и 11. скока, Волканоски постигна 15 поени (имаше и седум скока), додека новакот Димовски заврши со 14 поени.
Кај Вардар по 21 поен постигнаа Атанасов и Наков.
И Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк